Mohamed Sabry Emam Muhammed
20 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките воени сили започнаа со аккцијата за ослободување на северозападниот град Тал Афар од страна на припадниците на терористичката организација ДЕАШ, истакна премиерот на Ирак Хајдар ал-Абади, јавува Anadolu Agency (AA).
„Милитантите на ДЕАШ немаат друг избор освен да се предадат или да умрат“, изјави ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади во телевизиското обраќање.
Тој нагласи дека во операцијата за ослободување на Тал Афар учествуваат војската, антитерористичките сили, федералната полиција и шиитската полиција Хашд Ал Шаби.
Во јуни 2014 година, припадниците на ДЕАШ го зазедоа Тал Афар, заедно со други територии во северниот и западниот дел на Ирак.
Градот кој е населен претежно со Tуркмени се наоѓа на околу 60 километри западно од Мосул, во близина на главниот патен правец кој ДЕАШ го користеше за снабдување.
Ирачките сили минатиот месец ги протераа силите на ДЕАШ од нивното последно упориште во Мосул, вториот по големина град во Ирак.