Şenhan Bolelli
07 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ПАМПЛОНА (АА) - На северот од Шпанија, во градот Памплона, ова утро започна фестивалот „Сан Фермин” со првата трка во која луѓето по улиците трчаа заедно со биковите, јавува Anadolu Agency (AA)
Во центарот на градот, на патека долга 850 метри, во 08:00 часот по локално време започна трката која траеше 2 минути и 28 секунди. Трката позната како „Encierro", според здравствените работници од Црвениот крст поминала „многу чисто", ниту еден бик со своите рогови не ги прободел учесниците на трката, а четири лица се здобиле со повреди поради пад.
Шесте бикови кои ќе излезат пред матадорите вечерва, придружувани од шест волови на патеката од шталата до арената трчале заедно со стотици луѓе од различни националности.

Од друга страна, зголемената безбедноста оваа година се одрази и на „encierro". Градските власти поставија пет одделни системи за набљудување долж патеката по која се движат биковите и посетителите на фестивалот, со кои ќе бидат идентификувани лицата кои за време на трката не ги запазуваат правилата, т.е дали ги допираат биковите или трчаат спротивно на правилата, со што ја загрозуваат безбедноста на биковите и останатите луѓе. Тие лица ќе бидат казнети со парична казна од 750 до 3.000 евра. Лицата помлади од 18 години не им се дозволува присуство во трката, а учесниците потребно е да носат бели панталони и маичка и спортски патики, а околу вратот, како традиција на фестивалот „Сан Фермин”, потребно е да имаат врзано црвена марама.
Од 1924 година досега, според статистичките податоци, од убод од роговите на биковите загинале 15 лица, додека во "encierro" (трчањето по затворената улица) повредени се голем број лица.
Фестивалот „Сан Фермин” завршува на 14-ти јули.