Elvir Hocic
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
НАВАРА (АА) - Туристи од целиот свет пристигнаа во шпанскиот град Памплона, каде што се одржува традиционалниот фестивал посветен на Свети Фермин, кој локалните жители го зметаат за заштитник на тој регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот датира уште од 16.век, а неговата главна атракција е трката со бикови низ тесните улици на Памплона.
Учесниците во трката облечени во бело трчаат пред биковите тешки над половина тон. Низ улиците на Памплона, во должина од 875 метри, утринава се одржа третата од вкупно седумте фестивалски трки, а неколку лица беа полесно повредени. Последниот смртен случај е забележан пред осум години.
И покрај протестите на активистите за заштита на животните и бројните повреди на луѓето, фестивалот секоја година привлекува десетици илјади туристи од целиот свет.