свет

Шумски пожари во Италија, загинаа двајца пожарникари

- „Тие се обидуваа да спасат семејство чија куќа беше во опасност и во тешка ситуација, но паднаа од карпа и беа зафатени од пламените јазици“

Barış Seçkin  | 18.07.2024 - Обновена : 19.07.2024
Шумски пожари во Италија, загинаа двајца пожарникари Фото: Илустрација

РИМ (АА) - Најмалку двајца пожарникари загинаа додека гаснеа пожар во шумско подрачје во близина на градот Матера на југот на Италија, јавува Анадолу.

Италијанската противпожарна бригада (Виџили дел Фуоко) објави дека загинале Никола Ласалата и Џузепе Мартино, кои биле дел од тимот кој се обидувал да го изгасне шумскиот пожар во Нова Сири во Матера. Загинатите пожарникари имале 45 години.

„Тие се обидуваа да спасат семејство чија куќа беше во опасност и во тешка ситуација, но паднаа од карпа и беа зафатени од пламените јазици“, изјави градоначалникот на Нова Сири, Антонело Меле.

Во Италија, која е зафатена од тропски горештини, активни пожари има на различни места, вклучувајќи ја и околината на главниот град Рим.

Четири лица починаа како последица на екстремните горештини од минатата недела.

Поради екстремните горештини, Министерството за здравство прогласи црвен аларм за 14 градови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın