Duygu Yener
18 Октомври 2019•Ажурирај: 19 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Турција генералот Јашар Ѓулер и командатот на стожерот на американската војска генерал Марк Милеј разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција се наведува дека двајцата функцонери разговараа за безбедноснте прашања во Сирија и за други случувања во регионот.
Во Анкара синоќа е одржан состанок на делегациите на Турција и САД на кој е постигнат договор за запирање на операцијата „Извор на мирот" за 120 часот.
Турските сили на 9 октомври ја покренаа воената операција „Извор на мирот" на североистокот на Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.