Riyaz Khaliq Khaliq
01 Јули 2024•Ажурирај: 04 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија денес успешно лансираше сателит за набљудување на Земјата со ракетата Х3 (H3), јавува Анадолу.
Сателитот е позициониран во орбитата откако беше лансиран од Вселенскиот центар Танегашима во југозападната префектура Кагошима.
По полетувањето од центарот за лансирање, ракетата Х3 бр. 3 од домашно јапонско производство за околу 17 минути се одвои од сателитот.
Лансирањето првично беше планирано за вчера, но беше одложено поради „очекуваните лоши временски услови“, објави токискиот Кјодо њуз.
Јапонската вселенска агенција планира да изведе лансирања на ракетите Х3 шестпати годишно.