Emre Aytekin
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, во своето обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк го осуди нападот врз постројките на саудиската нафтена компанија, но избегна за тоа да го обвини Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави јапонската новинска агенција „Кјодо“, премиерот Абе, во врска со нападот изведен на 14 септември врз објеките на саудиската нафтена компанија „Арамко“ (Aramco) вели „Овој напад претставува подло злосторство кое има за цел како заложник да го земе меѓународниот економски поредок.“
Премиерот на Јапонија, и покрај изјавата на осуда, избегна за нападот да го обвини Иран, како што тоа го сторија САД, Англија, Франција и Германија.
Абе, посочувајќи ја важноста на изјавата што ја има дадено ајатолахот Али Хамнеј, духовниот лидер на Иран, дека Иран нема планови да произведува, складира и користи нуклеарно оружје, истакна „Го повикувам Иран, како една голема земја, да преземе чекори во согласност со мудроста која потекнува од неговата богата историја.“
- Средба со Рохани -
Од друга страна, јапонскиот премиер Шинзо Абе пред своето обраќање во ОН, во рамките на состаноците на Генералното собрание во Њујорк се сретна со претседателот на Иран, Хасан Рохани.
На средбата Абе истакнал дека Јапонија ќе продолжи да го заштитува Договорот за нуклеарната програма потпишан со Иран. Абе изјавил дека при посетата на Техеран, со особено задоволство ја примил изјавата на иранскиот духовен лидер Али Хамнеј кој рече дека нуклеарното оружје е грев и има фeтва за овој вид оружје, истакнувајќи дека администрацијата од Токио ќе вложи максимални напори за намалување на тензиите во регионот.