Ekipa
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот претседател Рувен Ривлин ќе му предложи на Бенјамин Нетанјаху, израелскиот премиер и лидер на партијата Ликуд, да формира нова влада, објавија денеска израелските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според израелскиот весник „Едиот Ахронот“ (Yedioth Ahronoth) и израелската национална телевизија, Ривлин сака да го ополномошти Нетанјаху за мандатар за формирање нова влада.
Тој вечерва треба да ги прими Нетанјаху и неговиот ривал, лидерот на Сино-белата коалиција, Бени Ганц, на состанок на кој ќе се разговара за формирање влада за национално единство.
Состанокот е втор за период од три дена.
Според конечните резултати од неодамнешните избори во Израел, Сино-белата коалиција освои 33 места во Кнесетот, едно повеќе од партијата Ликуд на Нетанјаху, која освои 32 места.
Парламентарните избори беа втори избори оваа година откако Нетанјаху не успеа да формира влада по претходните избори одржани во април.