Ekipa
02 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
МАРИБ (АА) - Петмина команданти на Хусите загинаа во воздушен напад од страна на Саудиска Арабија во северозападниот дел на Јемен, во близина на границата со Саудиска Арабија, соопшти јеменската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението не се дадени детали во врска со нападот, освен дека тој се случил во градот Харад, во северозападната покраина Хаџа.
Немаше коментар ни од движењето на Хусите, ниту од коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Конфликтот во Јемен започна во 2014 година, кога милитантите Хуси и нивните сојузници зазедоа голем дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна голема воздушна кампања една година подоцна, со цел да се спречи напредувањето на Хусите и да се врати на власт претседателот Абд Рабу Мансур ел Хади.
Во војната загинаа најмалку 10.000 лица, беше уништена економијата на Јемен, избувна епидемија на колера, а милиони жители гладуваат.