Ekipa
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
ХОМС/АНКАРА (АА) - Терористичката организација ДЕАШ успеа да врати неколку подрачја на источниот дел на Хомс, кои беа под контрола на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори истакнуваат дека ДЕАШ по синоќешната опасада успеала да ја врати контролата над подрачјето Карјатејн, на периферијата на Хомс. Во судирот загинаа десетици војници на режимот.
По осуммесечната окупација на ДЕАШ, режимот со помош на Русија успеа да воспостави контрола над Карјатејн во април 2016 година.
Изворите наведуваат дека терористичката организација ДЕАШ ја вратила контролата и над западниот дел на местото Сухне, кое се наоѓа меѓу Тедмур и Деир ез-Зор.
Сухне пред околу два месеца беше заземено од режимот.
ДЕАШ настојува да ја врати контролата над периферијата на Хомс и често е цел на руските воздушни напади.