Zeynep Tüfekçi
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
АЛ ЏЕУФ (АА) - Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија извршија воздушни напади врз позициите на Хусите на јеменската граница во подрачјето на Ал Џеуф. Се дознава дека во нападите се убиени десетици милитанти и има голем број ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Интернет страницата „26 September Net“, која ѝ припаѓа на јеменската армија, објави вест во која се наведува дека авиони на коалициските сили извршиле воздушни напади врз позиции на Хусите во местото Ал Џеуф кое се наоѓа во пограничниот дел со Саудиска Арабија.
Цел на еден од нападите бил кампот за обука поврзан со Абдулкерим ел-Хуси, еден од водачите на Хусите. Во нападот се убиени и ранети десетици милитанти. Во друг напад на коалициските сили, врз важен штаб на Хусите во местото Ел Мутун, уништен е магацин за оружје и муниција. Во нападот се убиени и ранети голем број милитанти, припадници на Хусите.
Засега коалициските сили не дадоа официјална изјава во врска со настанот.
По пучот кој го изведоа Хусите, Јемен подолг период се наоѓа во политички нестабилна ситуација. Од 2014 година досега Хусите под своја контрола го држат главниот град Сана и некои други подрачја. Коалициските сили, предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат воена поддршка на владата на Јемен.