Çağrı Koşak
10 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
АДЕН
Во бомбашки напад врз конвојот на Ахмед Хамед Ламлас, гувернерот на Аден, во Јемен, загинаа 3 лица, а 4 се ранети, известува Агенција Анадолија (АА).
Локални извори објавија дека експлозивната направа што била поставена на пат во близина на дистриктот Тавахи, била активирана во моментот кога по патот минувало возилото на гувернерот Ламлас.
Гувернерот го преживеа обидот за атентат, но во нападот животот го загубија 3 лица, а 4 се ранети.
Ранетите лица се префрлени во Воената болница во Бахсиб, во Тавахи.
Официјалните јеменски власти сѐ уште не дадоа соопштение за овој случај.