Şükri Hüseyin,Meryem Kasım
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
АДЕН (AA) – Во самоубиствени напади на воени и безбедносни упоришта во Аден, на југот од Јемен, загинаа 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според тврдењата на очевидците, во самоубиствениот напад на центарот на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, во местото ел-Беркије кое се наоѓа на западот на Аден, загинаа девет лица. По нападот на безбедносните сили, приметен е поголем број на хеликоптери а се слушнаа и експлозии.
Во вториот напад на упориштето на силите на безбедност изведен со амбулантно возило на кое беше поставена експлозивна направа загинаа 13 лица, од нив 10 жени и деца.
Одговорноста за првиот напад ја презеде терористичката организација ДАЕШ.