Ekipa
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
ЈЕМЕН (АА) - Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен сооопшти дека уништила три беспилотни летала на кои имало експлозив лансирани од бунтовниците Хуси кон Саудиска Арабија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се вели дека коалицијата пресретнала и уништила беспилотно летало со експлозив лансирано од Хусите кон градот Камис Мусхаир во јужниот дел на Саудиска Арабија.
Тоа се случило непосредно откако биле соборени две беспилотни летала насочени кон истиот град од страна на бунтовниците поддржани од Иран.
Во посебно соопштение, коалицијата соопшти дека уништила два чамци - замки на Хусите во Црвеното Море, обвинувајќи ги за загрозување на бродските линии и на глобалната трговија во Црвеното Море.
Хусите сè уште не го прокоментираа соопштението издадено од коалицијата.
Бунтовничкото движење на Хусите континуирани најавува ракетни и напади со дронови врз саудиските територии, велејќи дека тие се реакција на нападот врз Јемен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Во последните неколку недели, Хусите ги интензивираа нападите со балистички ракети и беспилотни летала врз саудиските региони и покрај повиците на американската администрација за прекинување на воените операции на бунтовниците Хуси и за враќање на преговорите.
Минатата недела, Саудиска Арабија предложи прекин на огнот под надзор на ОН меѓу јеменската Влада поддржана од Саудиска Арабија и бунтовниците Хуси, повторно отворање на Меѓународниот аеродром во Сана и започнување на преговорите.
Јемен е место на длабока политичка и безбедносна криза, што кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците предводени од шиитското движење на Хусите и од Конгресот предводен од претседателот Салех го зазедоа најголемиот јеменски град Сана, а потоа и другите региони.