Emel Gözellik
29 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
АНКАРА (АА) - Во нацрт-извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), до кој стигна „Асошиејтед прес“ (The Associated Press (AP)) од дипломат во Женева, се тврди дека веројатноста Ковид-19 да биде произведен во лабораторија е „многу мала“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во нацрт-извештајот се наведува дека најверојатно сценарио е дека Ковид-19 е пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно.
Роберт Редфилд, поранешен директор на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), сугерираше дека потеклото на вирусот е од лабораторија во Кина.
Од друга страна, Финг Ѕиџијан, потпретседател на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, тврдеше дека не е можно Ковид-19 да излегол од лабораторија.
- Кина ги одби повиците за истрага -
Кина претходно го одби барањето на американската администрација да започне истрага за потеклото на вирусот. Кина исто така воведе извозни ограничувања за Австралија откако австралиската Влада повика СЗО да отвори меѓународна истрага за потеклото на вирусот во април 2020 година.
По зголемувањето на меѓународниот притисок, делегацијата на експерти и истражувачи од САД, Австралија, Германија, Јапонија, Англија, Русија, Холандија, Катар и Виетнам на почетокот на јануари заминаа во Кина.
Но мораа да се вратат назад откако администрацијата на Пекинг предупреди дека не се добиени валидни визи.
По добивањето на дозволите, делегацијата, која дојде во Вухан на 14 јануари со приватен авион, беше ставена во карантин 14 дена и во тој период разменуваше информации со кинеските официјални лица преку интернет.
На теренските студии што започнаа на 29 јануари, делегацијата изврши прегледи на пазарот за храна со морски плодови во Вухан, каде што беа забележани првите случаи, во интегралната регионална болница Хубеи и во други болници во регионот.