Ekip
13 Април 2019•Ажурирај: 14 Април 2019
ХАДРАМАУТ (АА) - Јеменскиот Парламент денеска заседаваше за првпат по избивањето на граѓанската војна во Јемен во март 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На парламентарната седница во источниот град Сејон присуствуваше јеменскиот претседател Абд Рабух Мансур Хади, чие седиште е во Саудиска Арабија, како и делегатите на арапските и на други земји.
„Повеќе од 143 пратеници учествуваа на денешната седница“, вели парламентарен извор за АА.
За време на седницата, пратениците за претседател на Парламентот го избрале Султан ал Буркани, шефот на владејачкиот Генерален народен конгрес (GPC).
Parlament u kojem je 309 poslanika izabran je još 2009. godine, a mandat im je istekao 2015., otprilike u vrijeme kada su ih pobunjenici Huti istjerali iz zemlje.
Парламентот, во кој има 309 пратеници, беше избран во 2009 година, а нивниот мандат им истече во 2015 година, приближно во времето кога бунтовниците Хуси ги истераа од земјата.
Јеменската Влада во моментот се наоѓа во јужниот град Аден.
Јемен од 2014 година е зафатен од судири, кога движењето на Хусите зазеде голем дел од земјата. Кризата ескалираше во 2015 година, кога коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна воздушна кампања, чија цел беше враќање на териториите заземени од Хусите.
Долгогодишните судири уништија голем дел од инфраструктурата на Јемен, поради што Обединетите нации (ОН) ја опишаа ситуацијата во земјата како една од најлошите хуманитарни катастрофи во поновата историја.