Ekipa
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АМАН (АА) – Јорданските државни медиуми јавуваат дека судот во Јордан осуди петмина членови од терористичката организација ДЕАШ на смрт со бесење, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јорданската новинска агенција „Петра“ во средата објави дека останатите 15 членови на ДЕАШ се осудени на затворска казна во траење од три до 15 години.
Тие се осудени за убиство на полицаец, планирање и извршување на терористички акции, производство на експлозиви, поседување оружје и промовирање терористички идеи.
Осудените членови на ДЕАШ беа уапсени во март, за време на полициската операција во градот Ирбид, каде што всушност се криеле. За време на рацијата загинаа седуммина милитанти и јордански полицаец.