Hatice Özdemir
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
АМАН (АА) - Јорданскиот премиер Абдула ен-Нусур со највисоки државни почести го прими турскиот колега Ахмет Давутоглу кој со широка делегација на Турција допатува во официјална посета на Аман, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот на премиерите на двете земји Давутоглу и Нусур, одржан е состанок на проширените делегации а потоа е организирано и свечено потпишување на низа билатерални договори.
Двете земји потпишаа билатерални договори за соработка во областа на трудот, социјалната политика, трговијата, метеорологијата, шумарството, транспортот и културата.
Во текот на посетата на Аман, Давутоглу присуствуваше на свеченото отворање на Канцеларијата на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) во тој град.
Директорот на ТИКА, Сердар Чам, потпиша договор со директорот на јорданската железница, Салах Ал-Лози, за реставрација на железничката станица Хиџаз и изградба на музеј посветен на таа пруга.
Во присуство на премиерите Давутоглу и Нусур потпишан е договор за соработка помеѓу новинските агенции АА и Петра.
Заменикот генерален директор и главен уредник на АА, Метин Мутаноглу по потпишувањето на договорот нагласи дека е неопходна поинтензивна соработка меѓу земјите од регионот и дека е неизбежна и соработката во областа на медиумското делување.