Ahmet Furkan Mercan,Aşkın Kıyağan
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Таксистите во Њујорк веќе не се обврзани да имаат познавање од англиски јазик, при што на мигрантите ќе им се овозможат поголеми шанси за вработување, јавува Anadolu Agency (AA).
Промената на правила ја одобри градскиот совет на Њујорк, а потпишана е од страна на градоначалникот Бил де Бласио.
Имено, оние кои ќе полагаат тест за возачи на такси нема да имаат потреба од познавање на англиски јазик, бидејќи испитите ќе бидат понудени на неколку јазици.
Се претпоставува дека укинувањето на условите на познавање на англиски јазик би можело да им олесни на мигрантите да добијат работа на таксист полесно отколку што беше досега.
Податоците на Комисијата за такси и лимузини покажуваат дека возачите на такси доаѓаат од 167 земји и дека само четири отсто од нив се родени во САД. Меѓу возачите кои не се родени во САД, најмногу доаѓаат од Бангладеш и Пакистан.
Додека некои сметаат дека оваа промена ќе ја отежни комунакцијата помеѓу возачите и патниците, другите сметааат дека возачите не се обврзани да го знаат англискиот јазик и дека често таксистите не разгвовараат многу доколку патниците сами не им се обратат.