Betül Yürük
19 Мај 2018•Ажурирај: 20 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Ортодоксните Евреи и Палестинци се собраа во Њујорк, изразувајќи незадоволство поради масакрот врз палестинските цивили во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие се собраа на популарниот „Тајмс сквер“ и ја осудија употребата на сила и огнено оружје од страна на израелските сили на протестите на границата во Газа, при што, загинаа најмалку 62 Палестинци, а беа ранети околу 3.000.
Тие повикаа на крај на израелската окупациска политика, носеа транспаренти и извикуваа слогани против Израел.
Меѓу демонстрантите беше и рабинот Дејвид Фелдман, кој рече дека се собрале да изразат незадоволство против катастрофата која трае 70 години.

Фелдман рече дека не го прифаќаат Ерусалим како главен град на Израел.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите што продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. Загинаа најмалку 62 Палестинци, а околу 3.000 беа повредени.
Меѓу осудувањата што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести какви што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба, по повод масовното гонење на овој народ.
„Случувањата во Газа се голем срам за човештвото“, рече Фелдман. Тој изрази надеж дека израелската окупација ќе заврши и го критикуваше преместувањето на Американската амбасада во Ерусалим.