Kasım İleri
19 Мај 2018•Ажурирај: 20 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку 10 лица, главно ученици, загинаа во пукотниците во едно средно училиште во Санта Фе во американската сојузна држава Тексас, јавува Anadolu Agency (AA).
Шерифот на областа, Харис Ед Гонзалес, изјави дека пукотниците се случиле во утринските часови, информирајќи дека во настанот животот го загубиле 10 лица и ранети се уште 10 лица.
Тој потврди дека меѓу убиените, поголемиот дел се ученици. Шерифот Гонзалес истакна дека е приведен ученикот за кого постои сомневање дека е поврзан со овој настан и уште едно лице.
Гувернерот на Тексас, Грег Ебот, изјави дека се соочени со најтешкиот напад што досега се случил во училиштата во Тексас, потврдувајќи дека нападот е изведен со ловечка пушка и пиштол. Утврдено е дека оружјето му припаѓало на таткото на напаѓачот.
Локалните медиуми тврдат дека нападот го извршил 17-годишниот Димитриос Пагурцис, кој учел во истото училиште.
Американските медиуми наведуваат дека во куќата на родителите на напаѓачот се пронајдени повеќе експлозивни направи.
И американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер напиша дека се случил напад во училиште и дека првите вести не се добри.
Ова е 3. напад во Санта Фе, а 22. во САД оваа година.