свет

Макрон најави дека Франција ќе биде домаќин на воени лидери од неколку земји за да разговараат за Украина

„Повторно е отворена стратегиската дебата за тоа како нашето нуклеарно одвраќање придонесува за заштитата на нашите европски сојузници“, рече францускиот претседател.

Necva Taştan Sevinç  | 06.03.2025 - Обновена : 07.03.2025
Макрон најави дека Франција ќе биде домаќин на воени лидери од неколку земји за да разговараат за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека неговата земја следната недела ќе биде домаќин на началниците на Генералштабот на вооружените сили на земјите што се подготвени да го гарантираат идниот мир во Украина, известува Анадолу.

Во телевизиското обраќање Макрон истакна дека војната во Украина еволуирала во поширока безбедносна криза што директно ја погодува Европа.

Тој ја обвини Русија дека се обидува да ги „тестира нашите граници“ преку кибернапади, мешање во изборите и воена агресија, истакнувајќи дека Франција и нејзините сојузници повеќе не можат да ѝ веруваат на Русија на дадениот збор.

„Русија стана, додека ви се обраќам и во годините што следуваат, закана за Франција и Европа“, рече тој.

Тој рече и дека Москва веќе го претворила украинскиот конфликт во глобален конфликт, обвинувајќи ја дека манипулира со изборите во Романија и Молдавија.

Потоа Макрон ја обвини Русија дека организира дигитални напади врз европските болници и дека се обидува да манипулира со лагите што ги шири на социјалните мрежи.

Франција ја повтори својата поддршка за Украина, наведувајќи дека каков било мировен договор не смее да биде на штета на украинскиот суверенитет.

„Мирот во Украина може да вклучува и распоредување европски сили. Тие не би оделе да се борат денес, не би оделе да се борат на првите линии на фронтот, но би биле таму кога ќе се потпише мирот, за да гарантираат негово целосно спроведување“, рече тој.

Тоа би вклучувало одржување долгорочна воена поддршка за Украина, додаде Макрон, во форма на план за цврст, траен и потврден мир, во координација со европските партнери и Украина.

Тој најави дека е започната „стратегиска дебата“ за нуклеарното одвраќање заради заштита на европските сојузници.

„Стратегиската дебата е повторно отворена за тоа како нашето одвраќање придонесува за заштита на нашите европски сојузници“, рече Макрон.

Францускиот претседател, исто така, ги повика европските нации да ги зајакнат своите одбранбени способности и предупреди дека започна нова ера на глобална нестабилност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın