Dildar Baykan
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави дека не верува дека во Сенатот ќе има доволно гласови за импичмент на неговиот претходник Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден во интервју за „Си-ен-ен“ рече дека за отповикување на Трамп во Сенатот треба да гласаат сите 50 сенатори од редовите на Демократската партија и уште најмалку 17 сенатори од Републиканската партија.
„Јас не верувам дека тоа ќе се случи“, рече Бајден.
Сенатот доби барање за отповикување на Трамп поради немирите што се случија на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот. Во нередите животот го изгубија најмалку пет лица.
На 14 јануари, Претставничкиот дом изгласа отповикување на Трамп, кој се товари за предизвикување побуна, а во продолжението на процесот ќе се изјасни и Сенатот како горен дом на Конгресот.
Судењето на Трамп во Сенатот треба да започне на 8 февруари, а за отповикување е потребно двотретинско мнозинство во Сенатот, кој во својот состав има вкупно стотина сенатори.