Michael Hernandez
01 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Џорџ Х. В. Буш, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), почина во 94. година од неговиот живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Семејниот портпарол Џим Мекгрејт ја потврди смртта на Буш во кратко соопштение за јавноста, но не ја прецизираше причината за смртта.
Буш беше 41. претседател на САД, откако во два мандата на Роналд Реган беше негов потпретседател.
Во изминатите години имаше многу здравствени проблеми.
Неговиот син Џорџ В. Буш, кој беше 43. претседател на САД, рече дека тој и неговиот брат се тажни што објавуваат дека по 94 незаборавни години нивниот драг татко починал.
„Џорџ Х. В. Буш беше личност со исклучителен карактер и најдобар татко кој син и ќерка можат да го замислат. Целото семејство Буш длабоко е благодарно за неговиот живот и љубов, за сочувството на оние кои се грижат и молат за него и за сочувството на нашите пријатели и сонародници“, порача Џорџ В. Буш.
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, објави соопштение по повод смртта на 41. американски претседател.
„Меланија Трамп и јас се придружуваме на тагата на нацијата и жалиме за загубата на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш, кој почина синоќа. Нашите срца се болни поради загубата, и заедно со американскиот народ испраќаме молитви на целото семејство Буш, со оглед на тоа што го почитуваме животот и наследството на 41. претседател“, наведе Трамп.