Sena Güler
01 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Anadolu Agency денес постави спектар на фотографии од значајните настани од 2018 година, за гласање на овогодишните фотографии на годината, јавува Anadolu Agency (AA).
Фотографиите ќе бидат избрани во три категории од фоторепортерите и дописниците на АА.
Изборот на фотографии на годината на АА за првпат беше одржан во 2012 година.
Оваа година, одбраните 50 од 700.000 фотографии, направени во различни делови од светот (Сирија, Палестина, Русија, Германија и Шпанија) беа поставени за гласање во категориите за вести, живот и спорт, со наслови на турски и на англиски јазик.
Во гласањето се очекува да учествуваат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Парламентот, Бинали Јилдирим, министри, официјални претставници и спортисти.
Во категоријата „Вести“ се наоѓаат 18 фотографии, во категоријата „Живот“ - 15 и во категоријата „Спорт“ - 17.
Минатата година на гласањето учествуваа над 260.000 лица.
Овогодишното гласање ќе продолжи до 31 декември на официјалната веб-страница www.aa.com.tr.