Nilay Kar
15 Мај 2019•Ажурирај: 16 Мај 2019
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк се одржа 42. трка во искачување на Емпајер Стејт Билдинг, светски најпознатата трка во искачување на кула, која е спонзорирана од турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 200 учесници од целиот свет се искачија на 102-катната Емпајер Стејт Билдинг, која е една од обележјата на градот.
Учесниците на овогодишната трка искачија 1.576 скали и 1.050 вертикални стапки (320 метри) до 86-тиот кат од петтата највисока зграда во САД.
Бранителката на титулата, Сузи Волшам, од Сингапур победи во женската трка, со време од 12 минути и 18 секунди.
Ова е десетта победа на Волшам во трката. Во минатогодишната трка таа се искачи на зградата за време од 12 минути и 56 секунди.
Пјотр Лобоџински од Полска победи во машката трка, со време од 10 минути и 5 секунди. Тој победи и на трката во 2017 година.
Емпајер Стејт Билдинг беше осветлена во текот на ноќта со црвена и бела боја - боите на турското национално знаме и нејзиниот главен авиопревозник.
„Туркиш ерлајнс“ има свое претставништво во Њујорк на 75-тиот кат од Емпајер Стејт Билдинг, чие седиште се наоѓа во Истанбул.
Турскиот авиопревозник, исто така, го спонзорираше и минатогодишното 41. издание на трката.