Yunus Kaymaz
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Од следната година, во календарот на Формула 1 повторно влегува „Големата награда на Холандија“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави раководството на Формула 1 се наведува дека од следната година повторно во календарот на Формула 1 е ставена Големата награда на Холандија. Се планира трката да се одржи во периодот од 8 до 10 мај.
Трката во Холандија, која е втора нова патека во натпреварувањето на Формула 1 по онаа во Виетнам, претставува враќање на патеката Зандворт по 35 години.
Патеката Зандворт се наоѓа на 40 километри од Амстердам, на брегот од Северното Море, а во периодот од 1973 до 1985 година беше домаќин на трките во Формула 1.
Во холандските национални медиуми се појавија информации дека раководството на Формула 1 потпишало договор на најмалку 3 години за трката за „Големата награда на Холандија“.
Од следната година и холандскиот возач на Формула 1 од тимот на Ред Бул, Макс Ферштапен, ќе ја има можноста, исто како и другите возачи да се искачи на подиумот во сопствената земја.