Emrah Güney
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во новиот рекламен спот на „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) настапува оскаровецот Морган Фриман, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од „Туркиш ерлајнс“ се истакнува дека новиот рекламен спот на компанијата, која во последните 6 години е прогласувана за „Најдобра авио-компанија во Европа“, на 5 февруари бил претставен на финалето на Супер бол натпреварот (рагби) на Националната фудбалска лига на Америка (НФЛ), која е најгледаната телевизиска програма во историјата на американската телевизија.
Минатата година, мошне голем успех и интерес предизвика рекламната кампања „Бетмен vs. Супермен“, која беше претставена на Супер бол натпреварот во рагби во САД, кој на ниво на целиот свет беше следен од околу 800 милиони лица. На ист начин како и лани, „Туркиш ерлајнс“ новиот спот со оскаровецот Морган Фриман го претстави на Супер бол натпреварот.
Режисер на спотот е Матијас Зентер, име коешто стои зад голем број проекти за презентација на познати светски брендови. Снимањата за рекламниот спот на ТХЈ минатиот месец беа завршени во Лос Анџелес.
Спотот беше сниман 10 часа, а во овој проект учествуваа вкупно 101 лице. Со помош на повеќе меѓународни медиуми, се планира тој истовремено да биде претставен на 4 континенти преку 16 телевизиски канали.
- „Ова е голема чест за мене“ -
Во соопшението се истакнува и изјавата на претседателот на Одборот на директори на „Туркиш ерлајнс“ и на Извршниот комитет, М. Илкер Ајџи, според кој, во согласност со глобалната стратегија за раст, и оваа година без да запрат продолжуваат да отвораат нови линии.
Ајџи во името на „Туркиш ерлајнс“, која е светски бренд и лидер меѓу претставниците на Турција во светот, истакна дека имаат голема мотивација што даваат свој придонес во градењето на глобалниот имиџ на Турција.
„Во тие рамки, голем придонес во глобализацијата на нашиот бренд има договорот што го постигнавме со Морган Фриман. Многу сме задоволни и од рекламните кампањи што претходно ги направивме со светски познати ѕвезди. Постојано сме во потрага по новитети и се подразбира дека секогаш целиме кон подобро. Уште сега сум уверен дека значителен придонес и голема популарност ќе постигнеме и со новата реклама со Морган Фриман“, изјави претседателот на Одборот на директори на ТХЈ и на Извршниот комитет, М. Илкер Ајџи.
Светски познатиот актер Морган Фриман изјави дека за него претставува особена чест да соработува со светскиот бренд „Туркиш ерлајнс“.
„Како пилот со лиценца, имам особен интерес кон летањето и затоа за мене учеството во овој проект претставува исклучително пријатно искуство. ‘Туркиш ерлајнс’ со својот уникатен концепт на услуги, кој може да се забележи со последователните награди за услуги што ги добива, а истовремено со неверојатно вкусните јадења во авионот и во ВИП-салонот е предводник во својата област. За мене претставува голема чест да соработувам со најпрестижната авио-компанија, која лета кон најмногу дестинации во светот.