Mehmet Sevinç
14 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Словачкиот репрезентативец Maртин Шкртел од утре официјално ќе биде нов играч на турскиот тим Фенербахче, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на клубот од Истанбул изјави дека тие успешно ги завршиле преговорите за пристигнувањето на Шкртел во Фенербахче, а официјалното потпишување на договорот и претставувањето на новото засилување се најавени за утре.
Претставувањето на Шкртел во дресот на Фенербахче ќе се одржи утре во 14 часот по локално време на „Улкер“ во Истанбул.
Триесетгодишниот дефанзивец Шкртел професионалната кариера ја започна во 2001 година, во Тренчин, а четири години подоцна, тој се пресели во рускиот Зенит. Од 2008 година, го носеше дресот на англискиот Ливерпул.