Ercan Çakar
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ТРАБЗОН (AA) - Поради инцидентот што го предизвикаа навивачите кои истрчаа на теренот беше прекинат фудбалскиот натпревар нна турската Спор Тото Супер лига помеѓу екипата на Tрабзонспор и Фенербахче, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипата на Tрабзонспор денес го дочека големиот ривал Фенербахче, а натпреварот беше прекинат во 89-та минута со резултат 4:0 во корист на гостинскиот тим од Истанбул.
Група домашни навивачи истрчаа на теренот и физички нападнаа еден од помошните судии, а главниот арбитер Волкан Бајарслан поради тоа го прекина натпреварот.
Судиите и играчите од двете екипи се повлекоа од теренот и отидоа во соблекувалните.