Zeynep Özbay
07 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Фудбалскиот клуб Фенербахче ги започна преговорите околу трансферот на репрезентативецот на Словачка и одбрамбениот играч на англискиот Ливерпул Мартин Шкртел во своите редови, јавува Anadolu Agency (AA).
„Преговорите со англискиот клуб Ливерпул и словачкиот играч Мартин Шкртел (31) официјално зпочнаа", наведено е во соопштението од истанбулскиот клуб.
Шкртел фудбалската кариера ја започнал како напаѓач, а потоа одлучи да продолжи да игра како одбрамбен фудбалер. Настапуваше за словачкиот ФК Тренчин и рускиот Зенит. Со 23 години премина во англискиот Ливерпул, каде оствари 242 настапи. Цената на неговиот трансфер тогаш изнесуваше 6,5 милиони фунти.