Şenhan Bolelli
22 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
МАДРИД (АА) - Клубот од шпанската Прва фудбалска лига (Ла лига), Атлетик Билбао, потпиша нов едногодишен договор со стрелецот Ариц Адурис, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од клубот, 38-годишниот Адурис потпиша едногодишен договор со овој клуб, односно до 30 јуни 2020 година.
Адурис својата фудбалска кариера ја започна во Атлетик Билбао, каде што одигра 11 сезони во три различни периоди.
Тој во дресот на Атлетик одигра 390 официјални натпревари, и постигна 171 погодок.