Bakir Tiro
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
САРАЕВО (АА) - Светската фудбалска асоцијација (FIFA) се откажа од иницијативата на Светското првенство во Катар 2022 година да учествуваат 48 национални тимови, соопштено е од ФИФА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во образложението на одлуката на ФИФА се истакнува „моравме да се откажеме од оваа идеја, бидејќи нема доволно време земјата организатор на натпреварувањето да се подготви за поголем број учесници.“
Според тоа, на Мундијалот ќе учествуваат 32 репрезентации.
Меѓутоа, СП во Катар ќе биде поинакво од досегашните првенства бидејќи ќе се игра во ноември и декември, односно нема да се одржува во вообичаениот термин јуни - јули.