Barış Seçkin
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
РИМ (АА) - Турскиот борач Сулејман Карадениз доби златен медал во машка категорија слободен стил до 92 килограми на Европското првенство 2020, победувајќи го својот швајцарски противник Самуел Шерер, со резултат 3:0, јавува Агенција Анадолија (АА).
На седмиот, односно последниот ден на ова првенство кое се одржа во спортската сала „Пеликоне“ во италијанскиот главен град Рим, се одржаа финалните натпревари во машка категорија слободен стил.
Во финалето во машка категорија слободен стил до 92 килограми, се соочија турскиот борец Сулејман Карадениз и швајцарскиот борец Самуел Шерер.
Карадениз победи против својот противник со резултат 3:0, поради што доби златен медал и стана европски првак.
Оваа победа е првиот и единствен златен медал на Турција добиен на Европското првенство во борење во 2020 година.