Ahmet Furkan Mercan
25 Мај 2023•Ажурирај: 26 Мај 2023
ТОКИО (АА) - Шпанскиот фудбалер Андрес Иниеста, кој игра за клубот од јапонската Прва фудбалска лига, Висел Кобе, соопшти дека ќе го напушти овој клуб, јавува Анадолу.
Триесет и деветгодишниот фудбалер во градот Кобе одржа прес-конференција, при што истакна дека на 1 јули ќе игра на последниот меч во дресот на Висел Кобе против Консадоле Сапоро.
„Чувствувам дека се сменети приоритетите на тренерот. Во рамките на овој факт и мојата страст за играње, одлучив дека напуштањето на клубот ќе биде најдобра опција“, рече Иниеста.
Иниеста во 2018 година беше трансфериран од шпанскиот клуб Барселона во Висел Кобе.