Serhat Bağbars
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Арсенал во реванш-средбата од полуфиналето на Лига купот на Англија го победи Челзи со резултат 2:1, јавува Anadolu Agency (AA).
На стадионот „Емирати“ во Лондон, Челзи поведе 1:0 со голот на Еден Азар во 7-та минута. Домашниот тим изедначи на 1:1 со голот на Антонио Рудигер во 12-та минута, што беше резултат со кој заврши првото полувреме.
Во второто полувреме, Арсенал го презема водството во 60-тата минута, со голот на Гранит Џака. Арсенал успеа до крајот на натпреварот да го сочува водството и на крај да извојува победа против Челзи со конечен резултат од 2:1.
Првиот натпревар меѓу Челзи и Арсенал заврши нерешено, без погодоци 0:0. Со оваа победа Арсенал се пласираше во финалето на Лига купот на Англија.
Во финалето на Лига купот на Англија се сретнат екипите на Арсенал и Манчестер Сити.