Serhat Zafer
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
СИВАС (АА) - Бразилскиот фудбалер Робињо, кој потпиша договор со турскиот прволигаш Сивасспор, го заврши првиот тренинг со новата екипа, јавува Anadolu Agency (AA).
Сивасспор ги продолжи подготовките пред натпреварот од 19. коло од турската Супер лига против екипата на Јени Малатијаспор.

Навивачите му пружија голема поддршка на Робињо, кој вчера потпиша договор со клубот во времетраење од година и половина.
Тренерот Самет Ајбаба пред тренингот даде изјава за новинарите, истакнувајќи дека ги очекува тежок натпревар против Јени Малатијаспор, екипа која игра добро на домашен терен.
„Тоа ќе биде тежок натпревар. Не сакаме повеќе да губиме бодови“, изјави Ајбаба кој додаде дека сакаат да се вратат со три бода.
Ајбаба истакна дека се среќни што Робињо дошол и дека секогаш сметале оти играчи со тој квалитет треба да доаѓаат во Турција.
„Нашите играчи нека научат од нив, имаат можност да се развијат со овие играчи“, смета Ајбаба.
Ајбаба, запрашан дали Робињо ќе игра против Јени Малатијаспор, рече дека ќе размисли за тоа.
„Ќе видиме како се снаоѓа тука. Нема разлика меѓу него и другите. Ќе игра оној што ќе заслужи...“, изјави Ајбаба.
Тој нагласи дека во тек се преговорите со уште еден странски фудбалер, кој би можел да го засили тимот на Сивасспор.