Dejan Maksimoviç
26 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Бразилецот Филипе Кутињо, кој пред дваесет дена од Ливерпул премина за клупски рекорд од 160 милиони евра, синоќа дебитираше за новиот клуб, јавува Anadolu Agency (AA).
Во реванш на средбата во четвртфиналето на Купот на кралевите против градскиот ривал Еспањол влезе од клупата и одигра одлични дваесет минути. По средбата, беше воодушевен, и изјави дека дебито во дресот на "Барса" за него беше посебен настан.
„Ова беше посебен ден, затоа што ги одиграв првите минута за мојот нов клуб. Тоа беше голема вечер. Многу сум возбуден и среќен, бидејќи моите фанови ми посакаа убаво добердојде. Бев малку вознемирен и нервозен, бидејќи тоа е голем клуб, но начинот на кој ме поздравија навивачите ми помогна да се опуштам", изјави Кутињо за шпанските медиуми.
Барселона успеа да го совлада Еспањол со 2:0 и така го анулираше заостанувањето со 0:1 од првиот натпревар и се пласираше во полуфиналето во Купот на кралот. Стрелците беа Луис Суарез и Лионел Меси во првата половина од натпреварот.
Кутињо ја започна својата кариера во Васко де Гами и продолжи во Интер. Едно време се врати во клубот како позајмен играч во матичниот клуб, а потоа играше и полусезона за Еспањол.
Во Ливерпул пристигна во 2013 година, а за клубот на "Енфилд" одигра 202 официјални натпревари и постигна 54 гола. За бразилската репрезентација, 25-годишниот офанзивен напѓач настапи 31 пат каде што имаше осум погодоци.