Bilal Acar
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ЛОНДОН
Фудбалскиот клуб Арсенал го совлада Шефилд Јунајтед, со резултат 1:2 и се пласираше во полуфиналето на англискиот ФА Куп, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Топџиите" гостуваа кај Шефилд Јунајтед, во четвртфиналето на ФА Куп, а резултатот беше 1:2
Првото полувреме е завршено со резултат 0:1. Стрелецот за Арсенал во 25 минута беше Николас Пепе.
Домаќинот успеа да изедначи со голод на Давид Мекголдрик во 88 минута. И кога се очекуваше дека натпреварот ќе заврши нерешено, во првата минута на судиското надополнување погодок постигна Дани Себаљос за конечните 1:2, односно за пласман на Арсенал во полуфиналето на натпреварувањето.