Abdulkadir Karakaya
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АНКАРА
Екипата на Мерцесед во рамките на кампањата за поддршка на борбата против расизмот, до крајот на сезоната ќе настапува со црн болид, ја вува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на Мерцедес соопшти дека се против сите облици на расизам и дискриминација и дека со црн болид на трките на Формула 1 ќе ја испраќаат пораката „Вредат животите и на црнците“, што е и глобален слоган на антирасистичката борба.
Во соопштението се наведува дека на болидот на Мерцедес ќе биде испишана и пораката „Ставете крај на расизмот“
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон го критикуваше раководството на Формула 1 поради тоа што не ги поддржаа антирасистичките протести кои во САД започнаа по бруталното приведување и смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Формула 1 беше прекината поради пандемијата на Ковид-9 во светот, а првата трка од продолжението на сезоната се очекува да се одржи на 5. јули (недела) со трката за Големата награда на Австрија која ќе стартува во 15:10 часот.