Can Erözden
31 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
БАРСЕЛОНА (АА) - Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро синоќа е префрлен во болница на кардиолошки прегледи откако за време на натпреварот се пожалил на болка во градите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Серхио Агуеро пријави непријатност во градите и примен е во болница за преглед на срцето“, соопшти раководството на Барселона на Твитер.
Агуеро (33) во јули годинава премина во Барселона од англискиот клуб Манчестер Сити.
Тој се пожали на болки во градите на синоќешниот натпревар од шпанската Ла Лига против Алавес во кој Барселона одигра нерешено 1:1. Напаѓачот Агуеро беше заменет на полувремето.
На синоќешниот натпревар со повреда на коленото се здоби и дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике. Лекарите допрва треба да утврдат колку е сериозна повредата.