Doğa Kırmızıoğlu
30 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
ПАРИЗ (АА) - Тренерот на француски Париз Сен Жермен (PSG), Маурисио Почетино, откри дека на полувремето на синоќешниот натпревар против Лил го заменил аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси поради повреда и така ги отфрли тврдењата на некои медиуми за можни проблеми во односите помеѓу играчите во соблекувалната на „Паркот на принцовите“, јавува Агенција Анадолија (АА).
ПСЖ во синоќешниот лигашки натпревар ја совлада екипата на Лил со резултат 2:1, но вниманието на фудбалската јавност го привлече замената на Меси на полуфиналето.
„Меси кон крајот на првото полувреме се здоби со повреда и не го оставив да игра од превентивни причини. Ќе разговарам со лекарите за неговата здравствена состојба. Не можеше да го продолжи натпреварот, но нема поголеми проблеми. Ќе може да настапи на наредните натпревари“, кажа Почетино.
Меси на почетокот на сезоната стигна во ПСЖ како големо засилување од Барселона, но го бележи својот најлош старт на сезоната во последните 16 години. Имено, во пет одиграни лигашки натпревари не успеа да постигне ниту еден погодок, ниту да забележи асистенција, што е далеку од тоа што навивачите на парискиот клуб го очекуваа. Меси до некаде го поправи впечатокот со тоа што даде три гола на натпреварот од Лигата на шампиони.