Kristina Maslareviç
24 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
БЕЛГРАД (АА) - Пред Собранието на Град Белград, околу десет илјади луѓе и покрај мразот и температурите од минус три степени Целзјусеви, со свечена атмосфера ги дочекаа и поздравија европските шампиони во ватерпол во машка конкуренција, репрезентацијата на Србија, јавува Anadolu Agency.
Ватерполистите на Србија, предводени од стручниот штаб и селекторот Дејан Савичевиќ се појавија на балконот на Собранието, по финалниот натпревар во белградската Комбанк Арена. На балконот пред Беграѓаните излезе и претседателот на ЛЕН Паоло Барели.
Последен излезе со освоениот пехар капитенот на репрезентацијата Живо Гоциќ. По неговото излегување, детскиот хор, заедно со собраните Белграѓани и ватерполисти ја отпеаа химната на Србија.
"Добра вечер,Белград, Србија. Ви благодарам од се срце што не бодрите и што не саате и сакам од се срце да бидете горди што имате ваква екипа!”, рече Гоциќ, обраќајки се пред собраните Белграѓани.
Најголеми овации доби и Андрија Прлановиќ, кој беше прогласен за најкорисен играч на првенстовото.
По обраќањето на ватерполистите, на балконот на Собранието и на платото беше продолжено славењето.
Освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Белград на ватерполистите на Србија им го честиташе и српскиот премиер Алексадар Вучиќ.
”Многу сум почестен што можам во името на Владата да ви ја честитам победата во финалниот натпревар на Европското првенство во ватерпол”, наведе Вучиќ во својата честитка.
Ватерполо репрезентацијата на Србија по трет пат во континуитет го освои европското злато. На првенството кое се играше во Белград од 10-23 јануари, во финалниот натпревар вчера, пред 16 илади гледачи репрезентацијата на Србија ја совлада репрезентацијата на Црна Гора со резултат 10:8. Бронзата и припадна на репрезентацијата на Унгарија.