Berad Büyük
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ЦИРИХ (АА) - Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка ќе донираат еден милион швајцарски франци (1,02 милиони долари) како помош на најзагрозените семејства во Швајцарија погодени од пандемијата на коронавирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Ова се тешки периоди и никој не треба да биде заборавен. Мојата сопруга Мирка и јас решивме да донираме еден милион швајцарски франци за семејствата во неволја во Швајцарија“, напиша Федерер на својот профил на Инстаграм.
Напоменувајќи дека оваа донација е само почеток, тој изрази надеж дека и други луѓе ќе се вклучат во акцијата за заеднички да им се даде поддршка на најзагрозените граѓани.
„Заедно можеме да ја надминеме оваа криза. Останете здрави“, напиша Федерер.