Dejan Maksimoviç
28 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - На Нејмар му е одземена капитенската лента во фудбалската репрезентација на Бразил и му е предадена на Даниел Алвес, неговиот соиграч од Париз Сен Жермен (ПСЖ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова го потврди бразилскиот селектор Тите, објаснувајќи дека таквата одлука морал да ја донесе под притисок од јавноста, поради неодамнешните дисциплински прекршоци на Нејмар во Лигата на шампионите и во финалето на Купот на Франција. Од фудбалскиот сојуз на Бразил соопштија дека селекторот на Нејмар му ја соопштил одлуката во саботата.
Така, искусниот 36-годишен Алвес ќе биде капитен на репрезентацијата во пријателските натпревари против Катар и Хондурас, на 5 и 9 јуни, како и во Копа Америка, кој ќе се игра токму во Бразил од 14 до 7 јули.
Алвес досега има одиграно 107 натпревари и постигнато 7 гола за државниот тим со кој победи на Копа Америка 2007, потоа во Купот на конфедерации 2009 и 2013 година. Во текот на неговата кариера играше за Бахиа, Севилја, Барселона, Јувентус и сега за ПСЖ.