Berad Büyük
08 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Во финалето на Копа Америка, кој е организиран од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), репрезентацијата на Бразил оствари победата од 3 : 1 над репрезентацијата на Перу и по 9. пат стана шампион на ова натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Бразил се организираше 46. натпреварување Копа Америка, а во финалето на ова натпреварување се сретнаа репрезентациите на Бразил и Перу. Натпреварот се одигра во Рио де Жанеиро, на стадионот „Маракана“.
Погодоците за Бразил ги постигнаа Евертон Соарес во 15. минута, Габриел Жезус во 45. и Ришарлисон од пенал во 90. минута од натпреварот. Единствениот погодок за репрезентацијата на Перу го постигна Паоло Гереро во 44. минута со удар од 11 метри.
Гереро беше единствениот кој успеа да ја затресе мрежата на Бразил на овој турнир. На истата средба, по добиенот втор жолт картон, во 70. минута од натпреварот теренот го напушти Габриел Жезус.
Бразил ја освои својата 9-та титула на Копа Америка, а најтрофејни репрезентации на ова натпреварување се Уругвај со 15 и Аргентина со освоени 14 шампионски титули.