Can Erözden
21 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Бранителката на титулата, Јапонката Наоми Осака, денеска беше елиминирана од Австралија опен 2022, откако изгуби од нејзината противничка, Американката Аманда Анисимова, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Анисимова го доби мечот против Осака со сетови 4:6, 6:3, 7:6 (10:5) во третото коло во женска конкуренција во Арената „Маргарет Корт“ во Мелбурн.

Мечот траеше 2 часа и 15 минути.
Рангирана на 13-тото место, Осака (24) е четирикратна освојувачка на Грен слем, вклучувајќи го и Австралија опен 2021 година.
Анисимова ќе има тешка задача во следната фаза, бидејќи 20-годишната тенисерка во четвртото коло ќе се соочи со светскиот рекет Ешли Барти од Австралија.