Dejan Maksimoviç
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
МЕЛБУРН (АА) - Швајцарецот Роџер Федерер се пласираше во финалето на Австралија Опен, првиот Гренд слем турнир сезонава полесно отколку што очекуваше, а таму ќе го дочека хрватскиот тенисер Марин Чилиќ. Противникот Хјеон Чунг го предаде мечот во вториот сет, јавува Anadolu Agency (AA).
Федерер имаше потполна доминација на тенискиот терен во текот на целиот натпревар. Првиот сет го освои со резултат 6:1, а во вториот сет, пред Чунг да го предаде мечот, имаше предност од 5:2 во гемови.
Швајцарскиот тенисер во неделното финале против Чилиќ ќе има шанса да ја освои својата 20-та Гренд слем титула.