Dejan Maksimovic
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Ернесто Валверде, тренерот на Барселона рече дека неговиот клуб мора да сврти нова страница по трансферот на Нејмар во францускиот Пари Сен Жермен за вредност од 222 милиои евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Трансферот предизвика бес кај навивачите на Барса, кои ги палеа дресовите со бројот 10, кој го носеше Нејмар, а фотографиите и видеата ги постираа на социјалните мрежи. Тренерот на Барселона, Валверде, се обиде да ги смири страстите.
„Секој е слободен да ја избере својата судбина. Нејмар ја избра својата и ние му посакуваме среќа. Ќе ни беше драго доколку останеше, но Нејмар изјави дека сака да сврти нова страница. Не треба да гледаме зад себе, туку само напред. Некои врати се затворени, но некои отворени”, изјави тренерот на Барселона Валверде за шпанските медиуми.
Се зборува дека Барселона планира во своите редови да го донесе Пауло Дибала од Јувентус или Филипе Котињо од Ливерпул, како замена за Нејмар.