Bakir Tiro
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
ПАРИЗ (АА) - Вахид Халихоџиќ од денес е официјално тренер на францускиот прволигаш Нант, јавува Anadolu Agency (AA).
„Прославениот босанскохерцеговски фудбалски тренер потпиша договор со францускиот клуб до летото 2020 година“, се соопштува од фудбалскиот клуб Нант.
По серијата лоши резултати на клупата ќе го наследи сменетиот португалски тренер Мигел Кардос.
По осум одиграни круга во Лига 1, Нантес е претпоследен, 19. со една победа, три реми и четири порази.
Халихоџиќ, за време на играчката кариера настапуваше за Нантес од 1981 до 1986 година. Во шампионската сезона 1982/83 постигна 27 гола. Одигра 163 натпревари во кои постигна 93 гола, со што е трет најдобар стрелец во клупската историја.